БЕГ: Ниту килограм мазут нема да се потроши и плати, набавката е законска обврска за обезбедување резерви
Согласно член 153 од Закон за енергетика, Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ како регулиран производител на топлинска енергија е должен во текот на грејната сезона да обезбеди оперативни резерви од алтернативно гориво во количина којашто е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет.
Според оваа обврска, нашата компанија, секоја година објавува јавен повик за набавка на алтернативно гориво, кое би се користело исклучиво во случај ако има прекин на испорака на природен гас за работа на топланите.
Досега, од 2013 година кога целосно се гасифицирани топланите со кои управува Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ, не е потрошен ниту 1 кг мазут, ниту пак во одлуките за цена за греење донесени од страна на Регулаторната комсија за енергетика и водни услуги се одобрени трошоци за набавка на мазут.
Склучената рамковна спогодба за набавка на алтернативно гориво е реализирана после два неуспешни јавни повици за набавка на алтерантивно гориво. Таа е необврзувачка за Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ и нема никакви финансиски импликации доколку не се набави гориво по истата, односно доколку нема прекин на испорака на природен гас до топланите.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка