Македонија
19. March 2024 - 16:34

Бебе загина во сообраќајна несреќа

Бебе старо само два и пол месеци загина , а уште две други лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат  Струмица Ново Село помеѓу селата Босилово и Турново. Од за сега непознати причини возилото фолксфаген поло со кое се превезувало бебето изгубило контрола и излетало од патот. Со тешки повреди на главата тоа било пренесено во струмичката болница, но и покрај обидите за реанимација им подлегнало на повредите. Со телесни повреди се здобила и мајката детето која во кобниот момент го управувала возилото.

,, На магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот. Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т. (49) од село Доброшинци, струмичко.
 
Увид на местото на несреќата извршиле екипа на СВР Струмица и јавен обвинител по чии насоки се преземаат сите неопходни мерки и дејствија. Дополнително ќе се утврдуваат и причините поради кои возилото излетало од патот.