Живот
29. September 2015 - 15:54

Бебе во папска одежда го изнасмеа папата Франциско

Минатонеделната посета на папата Франциско на САД, меѓу другото, ќе остане запаметена и по многуте негови средби со граѓаните и пред се со децата.

Така, како што објавија американските медуми, во текот на посетата на Филаделфија папата не останал рамнодушен кога во публиката видел бебе облечено како него, во папска одежда.

На самата глетка на бебето, папата се изнасмеал од срце и потоа му дал благослов на неговиот „двојник“.

Задоволен од досетливоста на родителите на бебето, папата им порачал дека „имаат голема смисла за хумор“.