Бебе „продадено“ за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи во Куманово
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги поднесе кривична пријава против повеќе лица од Скопје, Куманово и Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“.
Според истрагата, во текот на 2024 и 2025 година, две лица од Скопје, Ф.А. (63) и Ѓ.К. (57), организирале незаконско посвојување на новородено бебе, искористувајќи ја положбата на згрижувач и социјалната состојба на родителите.
Преку воспоставени контакти со брачни парови и користење на ранливи околности, бил воспоставен договор за предавање на новороденчето надвор од законската процедура за посвојување. Во случајот, на мајката ѝ била понудена финансиска помош од 500 евра, како и бесплатни гинеколошки прегледи.
По породувањето и отпуст од болница, мајката и бебето биле преземени и однесени во дом на едно од инволвираните лица, по што детето било предадено на други лица кои се претставиле како „посвоители“.
Истрагата утврдила дека на 17.10.2025 година бил склучен и договор за заем на парични средства, кои биле поврзани со случајот.
По наредба на надлежен судија на претходна постапка, на осомничените им е определена мерка домашен притвор.
Од надлежните институции соопштија дека постапката е во тек и се преземаат дополнителни истражни мерки.
Ново на Сител
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
-

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
