Живот
30. January 2018 - 20:51

Бебе починало откако мајката постојано го оставало да гладува, а таа излегувала во ноќни клубови

Викторија Кузњецова доаѓа од Русија и таа е мајката која го оставила своето бебе да умре за таа да може да излегува во град со пријателите и да ужива во ноќниот живот. Токму поради тие причина мајката е осудена на шест години затвор.
 
17 годишната Викторија Кузњецова го остави своето 9 месечно бебенце Игор и заминала во провод со своите пријатели. Таа го сместила синот во количка, ја затворила вратата и си заминала. Потоа целата ноќ ја поминала во ноќен клуб, додека нејзиното бебе умирало од глад.  
 
Нејзнините соседи започнале да се сомневаат дека нешто се случува, па ја повикала полицијата која затекнала непријатна глетка. Бебето буквално се направило кожа и коски, а аутопсијата покажала дека внатрешните органи на бебето престанале да работат поради недостаток на вода и храна.
 
Подоцна, Викторија беше приведена, а истрагата сè уште трае. Со оглед на бруталната смрт, судијата смета дека Вкторија имала во план да го убие сопственото бебе.
 
"Смртта на малиот Игор е последица на дехидратација и гладување. Кога бебето беше пронајдено во нејзината куќа, тоа веќе беше мртво, иако неговите очи беа ширум отворени".
 
Јавноста во Русија е згрозена со овој случај за кој пишуваат сите светски медиуми.