-->
-->
Бебе добило инфекција од сипаници, мајката апелира на вакцинирање
-->
Очајната мајка ги објавила фотографиите од своето 11-месечно бебе со цел да покаже што може да се случи на бебињата чии родители одбиваат да ги вакцинираат.
Кајли Бурк објавила фотографии од својот син на Фејсбук сакајќи да ги предупреди родителите да ги вакцинираат своите деца. Нејзиниот 11-месечн син Елија добил сипаници по што се развила секундарна инфекција. Грозни красти го прекриле телото на Елија.
- Нашето мало дете премало е да се вакцинира против сипаници. Сега е во болница хоспитализиран во Ипсвич - напишала Кајли.
- Поуката е, доколку не го вакцинирате вашето дете, тогаш сте идиот. Размислете за ризиците со кои се изложуваат други беспомошни деца кои се премногу мали за да можат да се вакцинираат.
Беше страшно да се гледа како плаче и страда од болки и чешање од раните -додала таа.
Првите симптоми на сипаници кај Елија се појавиле пред една недела. И нејзината ќерка исто така ги прифатила но сепак се појавиле само на неколку места и таа е добро.
Во Австралија децата против сипаници се вакцинираат на 18 месеци, а втората вакцина се препорачува помеѓу 10 и 15 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка
-
НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина
-
Сончево и топло, температура до 36 степени