Базна станица за фотографирање за лични документи во Ростуше

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ја посети полициската станица во Жировница и полициското одделение во Ростуше каде ја промовираше базната станица за фотографирање за лични документи.
- Денеска се реализираше уште едно барање на граѓаните од овој регион, кои досега немаа можност да вадат пасоши и лични карти во Ростуше, туку за тоа се одеше во Гостивар. По согледувањето на можностите од страна на МВР, донесов одлука и граѓаните од оваа општина од денеска овде можат да се извадат лични документи, истакнал Спасовски.
Како што соопшти МВР, ова е важно не само за овој регион, туку и за Гостивар, затоа што и таму ќе се растовари Одделението за управни работи.
- Ова е во рамки на определбата дека ќе работиме во функција на граѓаните за МВР да се доближи до граѓаните и да се врати довербата. Во наредниот период ќе се преземат активности и други услуги да им бидат достапни на граѓаните во ПО Ростуше, нагласил Спасовски.
Министерот Спасовски во рамки на посетата на Жировница и Ростуше, како што се наведува, разговарал и со командирите на полициските станици и началникот на СВР Тетово за актуелните проблеми со кои се соочуваат во текот на работењето и начинот како тие да се решат.
- Многу е важно и полицајците да бидат задоволни ако сакаме да имаме безбедна држава и затоа мора да се подобрат условите за работа на полицајците. Веќе е почната постапка за набавка на нови униформи, затоа што веќе една деценија МВР нема купено униформи за полицајците, истакнал Спасовски.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
