Базиликата „Свети Петар“ ги отвори своите врати
Базиликата „Свети Петар“ срцето на Ватикан, којашто беше затворена од 10 март, ги отвори своите врати, симболизирајќи го враќањето на релативната нормалност во Италија, која со отворањето ресторани и кафулиња влезе во втората фаза на ослободување на мерките воведени за борба против пандемијата.
Базиликата „Свети Петар“, срцето на Ватикан, којашто беше затворена од 10 март, исто така ги отвори своите врати. Беше дезинфицирана кон крајот на минатата недела и сега прима посетители, но во ограничен број и со неопходно почитување на просторите.
Папата Фрањо во неделата рече дека тоа е „знак на надеж“, но ги повика сите да ги почитуваат мерките што ќе гарантираат на здравјето на сите.
Миса сè уште нема да се одржува во базиликата, но затоа се планира напладне да се одржи миса во Дуомо, готската катедрала во Милано, симболот на Ломбардија, провинција најтешко погодена од Ковид-19.
Италија беше првата земја што прогласи карантин пред два месеци заради ширењето на коронавирусот. Земјата е сè уште трауматизирана, со 32.000 мртви и економија којашто е на колена, но од 4 мај почна да се чувствува зракот на слободата, кога беше прогласен „полукарантин“, со што беа ублажени мерките за ограничување на движењето до одреден степен и започнаа да функционираат некои делови од економијата.
Вчера во центарот на Рим, кој сè уште е празен од автомобили и туристи, имаше многу луѓе, шетачи, велосипедисти, тркачи. Со заштитни маски на лицето, тие се движеа околу Колосеумот, Трајановиот пазар и Римскиот форум, под будното око на карабиниерите кои внимаваа да не се собираат граѓаните во преголеми групи.
Ново на Сител
-
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина
-
Трамп по средбата со Путин: Многу сме блиску до договор за Украина
-
На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути, на „Богородица“ 40 минути
-
Дачиќ: Шест полицајци беа повредени во протестите, 38 лица се приведени
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за нестабилно време
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ