Баварски министер бара казни за бегалците сексуални предатори и масовни депортации
Министерот за внатрешни работи и финансии на германската покраина Баварија Маркус Шодер смета дека земaјта губи контрола на безбедноста на улиците затоа што полицијата е фрустрирана со неказнување на мигрантите кои што вршат сексуални напади.
„Нашите жени и ќерки се повеќе се плашат од сексуални напади. Минатата година ја загубивме контрола на границата а сега почнуваме да ја губиме контролата на улиците и плоштадите. Државата мора да реагира одлучно како во минатото“, изјави Шодер за венсикот „Ди Велт“ пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Во пресрет на годишнината од ланските божиќни напади од страна на мигранти на речиси илјада жени во Келн и други германски градови деновиве германската полиција испрати 1500 полицајци за да спречат повторување на ланските сцени во кои имаше масовно сексуално насилство.
Во последниве два месеци Германија се соочи со два горозоморни настани во кои авганистански тинејџер силуваше и уби 19 годишна студентка на медицина а ирачки бегалец беше уапсен за силување на две жени во Бохум.
За да се заштити јавниот ред Шедер смета дека дури и најмали напади мора да биде гонети и да бидат изречувани казни.
Изјавата на Шодер доаѓа паралално со пораката на неговиот партиски шеф, лидерот на ЦСУ и премиер на Баварија Хорст Зехофер кој вчера изјави дека ако канцеларката Меркел не воведе горна граница од 200 илјади бегалци годишно неговата партија ќе ја напушти федералната влада. Германската влада деновиве започна масовна депортација на Авганистанци кои што биле одбиени за добивање азил.
Ново на Сител
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство
-
Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: СДСМ се подготвени за избори
-
Меџити: Има стабилно мнозинство, предвремени парламентарни избори се само трошок за државата