Баскетџиите од Македонија обезбедија финале и ЕП!!!

Македонската репрезентација во баскет „3 на 3“ обезбеди учество во финалето од квалификацискиот турнир на ФИБА – Европа во Амстердам откако тројката во која со промени играат Елвис Хот, Борис Вчков, Блажо Митков и Драган Узуноски, на чело со тренерот Абдураим Бајрактар, приреди огромно изненадување на вториот ден од турнирот.
и во четвртфиналето беа подобри од селекцијата на Германија со 12:11 за два часа подоцна да слават и против селекцијата на Белгија (12:9), кое ги однесе во финалната пресметка во квалификациите, каде пак за противник ја имаат репрезентацијата на Литванија.
Без оглед на конечниот резултат, согласно со квалификацискиот систем, Македонија веќе обезбеди учество на ЕП кое од 21 до 23 август ќе се одржи во главниот град на Белорусија - Минск.
Ново на Сител
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
-

Иран негира дека целосно го блокирал Ормускиот теснец, затворен е само за американски и израелски бродови
