„Баскерфест 2016“ во Крива Паланка
Дваесетина уметници и улични артисти, жонглери, магионичари, илузионисти, пантомимичари и танчери синоќа настапија на уличниот театар „Баскерфест 2016“ во Крива Паланка.
Централниот градски плоштад „ВМРО“ наликуваше беше голема сцена на уметности и уметници од разни држави кои ги проследија неколку стотици Кривопаланчани.
Фестивалот под отворено небо се одржуваа по единаесетти пат во државата, а Крива Паланка е дел од десетдневната турнеја на овој мултикултурен перформанс низ повеќе гардови на Македонија.
„Баскерфест 2016“ е продолжение на летната културна програма во Крива Паланка која започна со книжевен настан во организација на Националаната установа Центра за култура, а ќе продолжи со „Кривопаланечко културно лето“ кое вклучува бројни изложби, промоции на книги и концерти, меѓу кои „Осоговска староградска вечер“ која ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание“.
Ново на Сител
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите