Баша: Албанија е најкорумпирана земја во Европа, ветинг во политиката е неопходен
Албанските опозициски демократи не се откажуваат од иницијативата за ветинг во политиката, што го сметаат за значаен процес за да се „отстранат од политиката корумпираните и инволвираните луѓе во светот на криминалот”.
Партискиот лидер Љуљзим Баша во денешната објава на социјалните мрежи, наведува дека Албанија е најсиромашната земја во Европа а тоа е затоа што таа е најкорумпираната земја.
-Албанија е најсиромашната земја во Европа, бидејќи е најкорумпираната земја во Европа. Со илјада и една грижа се соочуваат луѓето кои се борат за подобар живот, претприемачите кои се борат да преживеат во неконкурентна економија, старите лица со недоволни пензии, младите кои секој ден сè повеќе сонуваат да заминат подалеку од Албанија, пишува Баша.
Затоа, додава дека треба да се спроведе ветинг во политиката за да се стави крај на неказнивоста, да се „исчисти политиката од сите оние кои ја злоупотребија довербата на граѓаните, збогатувајќи се себеси и мал број луѓе околу нив”.
Според Баша, оние кои ја злоупотребиле довербата на граѓаните мора да си заминат, повторувајќи дека ветингот во политиката може да почне од него.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден