Барселона: Одлуката на Мадрид претставува државен удар

Одлуката на шпанската Влада за отпочнување процедура за суспензија на автономијата на Каталонија со распуштање на органите на регионалната власт и одржување нови избори во регионот, претставува „државен удар“ и „напад врз демократијата“, изјави претседателката на каталонскиот Парламент, Карме Форкадељ.
Во телевизиско обраќање до каталонските граѓани, Форкадељ нагласи дека ќе остане посветена на „одбраната на каталонскиот Парламент“.
Таа оцени дека со одлуката за распуштање на „демократски избраниот Парламент“ на Каталонија, шпанскиот премиер Маријано Рахој де факто извршил „државен удар во една членка на Европската Унија“.
- Премиерот Рахој сака Парламентот на Каталонија да престане да биде демократски Парламент, но ние нема да го дозволиме тоа, рече Форкадељ.
Таа нагласи дека на „граѓаните на земјата“ сака да им упати порака за решителност и надеж.
- Денеска, по најсериозниот напад врз каталонските институции од нивната обнова, ние се обврзуваме дека ќе го браниме суверенитетот на Парламентот на Каталонија, порача Форкадељ.
Ново на Сител
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
-

Компаниите не знаат колку ќе плаќаат за декарбонизација
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Пoвторно случаи со телефонски измами во Охрид
-

Живот под отворено небо
