Барселона четврти шпански ракометен клуб што гостува во Битола

Светскиот клупски шампион Барселона со вечерашното гостување во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе биде четвртиот шпански ракометен клуб што играл во Битола.
Првиот дуел на Пелистер со шпански тим воедно е првиот настап на битолчани на европската ракометна сцена кои како прв македонски клуб во 1986 година во тогашната ИХФ европска ракометна лига ги одмерија со Атлетико од Мадрид. Битолчани во двомечот не успеаја да го минат првото коло, но како домаќини заслужено го совладаа Атлетико Мадрид со 24:19. Зелено-белиот дрес во 1986 година меѓу другите го носеа голманот Ванчо Јовановски, Абдула Јусуфовски, Пепи Манасков, Звонко Шундовски, Драган Маринковиќ, Цане Крстевски и Боро Чурлевски чие име денес го носи спортската сала во Битола.
Вториот дуел со шпански клуб Пелистер го одигра во 2005 година во тогашната Лига на шампиони и се сретна со супер клубот Портланд Сан Антонио од Памплона. Македонскиот шампион беше совладан на двете средби со 33:18 и 29:20.
Третата македонско-шпанска средба во Лигата на шампионите, битолчани ја имаа во 2019 година со Бидасоа, клуб од градот Ирун која имаше идентичен резултат 26:25, со по една победа на свој терен, анализираше дописникот на МИА од Битола. Патем, тимот на Бидасоа Ирун во моментов е на чело на шпанската АСОБАЛ Лига.
Вечер од 20:45 часот за прв пат во Битола гостува повеќекратниот шпански, европски и светски шампион. Во дуелите со шпанските екипи на домашен терен пелистерци имаат предност од 2:1, но во овој момент никој не размислува за вечерашниот резултат, туку за спектаклот кој треба да го приредат ракометните ѕвезди на Пелистер и Барса.
МИА
Ново на Сител
-

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК
-

Герасимовски: Започна поставувањето на 30 дигитални уреди за бучава, 19 веќе се инсталирани во Центар
-

Во ноември отстранети 1 500 кубни метри отпад од диви депонии низ Скопје
-

Федерика Могерини официјално обвинета за измама и корупција
-

Камбовски: Судскиот совет е во тек и ги презема потребните дејствија да утврди дали има некаков пропуст кај судот за случајот „Дурмо турс“
-

Северна Македонија и Србија ја унапредуваат соработката, посебен акцент е ставен на инфраструктурното поврзување
-

Во автомобил управуван од 21-годишник и малолетен сопатник пронајден пиштол
-

Раководството на СДСМ си поднесе оставка
