Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
Франција, Велика Британија и Германија ќе го активираат механизмот на Обединетите нации за повторно воведување санкции против Иран најдоцна до крајот на август, доколку до тогаш не се постигне конкретен напредок во врска со нуклеарниот договор, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
– Франција и нејзините партнери имаат право повторно да воведат сеопфатно ембарго за оружје, банкарски трансакции и нуклеарна опрема што беше укинато пред десет години, изјави Баро пред новинарите во Брисел, во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската Унија.
Тој истакна дека механизмот за враќање на санкциите ќе биде активиран ако Иран не покаже „цврста, конкретна и проверлива обврска“ за почитување на договореното во рамки на нуклеарниот договор.
Ново на Сител
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен