Фудбал
5. October 2017 - 20:32

Бараж за СП 2018: Сирија и Австралија одиграа без победник

Фудбалските репрезентации на Сирија и на Австралија денеска одиграа нерешено 1:1 на првиот бараж дуел од азиската зона од квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија 2018. Натпреварот се одигра на неутрален терен во Малезија поради граѓанската војна во Сирија.
Австралија поведе со голот на Роби Краус во 40.минута, а изедначи Омар Ал Сома во 85.минута од пенал.
Реванш дуелот се игра на 10.октомври во Сиднеј.
Победникот од овој бараж дуел ќе игра уште еден бараж со четвртопласираната селекција од КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка).