Барања за субвенции за млеко и за несилки до 5 ноември

На 5 ноември истекува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од мај до септември 2016 година. Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар, информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).
Агенцијата ги потсетува млекопроизводителите дека барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
- До 5 ноември 2016 година завршува и рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од мај до септември 2016 година. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена неслика во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца, соопшти АФПЗРР.
Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта. Образецот за поднесување на барањата, како и потребната документација може да се поднине во Агенцијата или да се преземе од веб страницата: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2016“, „Обрасци“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
