Барак и Мишел Обама се вклучија во кампањата на Камала Харис за избор за претседател на САД
Демократката Камала Харис по првпат ќе води кампања заедно со Барак и Мишел Обама на одвоени настани следната недела, со цел да внесе политичка енергија во последниот налет пред изборите во ноември, изјави висок претставник на нејзината кампања.
Поранешниот претседател и неговата сопруга сè уште се исклучително популарни меѓу демократите и се очекува да бидат ефикасни во поддршката на Харис во последниот дел од кампањата пред претседателските избори на 5 ноември.
Анкетите покажуваат дека претседателската трка меѓу Харис и републиканскиот противкандидат Доналд Трамп сè уште е многу тесна.
Мишел Обама за првпат ќе учествува во оваа изборна кампања и ќе се појави заедно со Харис в сабота, 26 октомври, во Мичиген.
На Демократската национална конвенција во Чикаго порано оваа година, поранешната прва дама го обвини Трамп за ширење страв на патот кон власт.
Барак Обама ќе води кампања со Харис в четврток во Џорџија. Тој веќе претстојуваше во некои „свинг“ држави, оние каде победата може да биде извојувана од кој било кандидат.
Повеќето држави традиционално се повеќе наклонети кон демократите или републиканците, па затоа фокусот на кандидатите обично е насочен кон „свинг“ државите.
Во наредните денови, Обама ќе продолжи со својата кампања во Тусон, Лас Вегас, Детроит и Медисон.
Барак Обама доби и некои критики по неговото прво појавување во кампањата, кога изјави дека некои Афроамериканци немаат добар чувство за идејата „да се има жена за претседател“.
Американските медиуми посочуваат дека дел од аналитичарите сметаат дека поранешниот претседател помогнал во елиминацијата на претседателот Џо Бајден од трката, откако загриженоста на демократите околу возраста и способноста на 81-годишниот лидер нагло пораснала по неговата дебата со Трамп во јуни.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата