ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци

Генералното собрание на Обединетите нации денеска усвои резолуција со која се бара Израел да го прекине „незаконското присуство на окупираната палестинска територија“ во рок од 12 месеци.
Резолуцијата доби 124 гласа „за“, додека 43 земји беа воздржани, а Израел, САД и 12 други гласаа против, пренесуваат светските медиуми.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да се обрати на 193-членото Генерално собрание на 26 септември, истиот ден кога и палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Резолуцијата го поддржува советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од јули, во кое се наведува дека израелската окупација на палестинските територии и населби е нелегална и треба да се повлече, пренесува Ројтерс.
Во советодавното мислење на МСП се наведува дека Израел треба да се повлече од окупираните територии „што е можно поскоро“, иако резолуцијата на Генералното собрание наложува рок од 12 месеци.
Ова е прва резолуција што палестинската управа формално ја предложи, откако овој месец тие добија дополнителни права и привилегии, вклучително и место меѓу членовите на ОН во собраниската сала и право да предлагаат нацрт-резолуции, пренесува медиумот.
Според написите, амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд денеска ги повика земјите-членки да гласаат против палестинската резолуција.
Советодавното мислење на МСП не е обврзувачко, но има тежина според меѓународното право и може да ја ослаби поддршката за Израел, наведува британската агенција.
Резолуцијата на Генералното собрание исто така не е обврзувачка, но има политичка тежина, додека собранието нема право на вето.
„Секоја земја има свој глас, а светот не гледа. Ве молиме застанете на вистинската страна на историјата. Со меѓународното право. Со слобода. Со мир“, изјави во вторникот на Генералното собрание палестинскиот амбасадор во ОН Ријад Мансур.
Амбасадорот на Израел во ОН, Дени Данон, во вторникот го критикуваше Генералното собрание за наводното неосудување на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.
„Ајде да ја наречеме како што е, оваа резолуција е дипломатски тероризам, кој ги користи алатките на дипломатијата не за градење мостови, туку за нивно уништување“, рече Данон.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
