ОН бараат итен прекин на борбите околу Алепо

Обединетите нации повикаа на итен прекин на борбите во реонот на Алепо во северна Сирија, со цел да биде доставена хуманитарна помош, а исто така и да се изврши и поправка на системите за снабдување на градот со вода и електрична енергија.
Координаторот на ОН за хуманитарни прашања во Сирија, Јакуб Хелу и регионалниот координатор за сириската криза Кевин Кенеди истакнаа дека во Алепо повеќе од два милиона луѓе се без струја и вода.
Според претставниците на ОН, секоја недела треба да има 48-часовен прекин на огнот, со цел да се дополнат хуманитарните резерви и да се достават лекови во градот.
- Кога намерно се тактизира со блокада, со цел луѓето да не добијат храна и друга неопходна помош за да преживеат, тогаш тоа се смета за воено злосторство, нагласија двајцата преставника на ОН.
Хуманитарната ситуација во Алепо вчера беше разгледана во Њујорк на неформална средба на членките на Советот за безбедност на ОН. За денеска е планирана средба зад затворени врати на СБ на ОН, на која ќе присуствува и специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура.
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на ДКСК фаворит за нов претседател на Антикорупциска
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, кандидат за судија во Стразбур
-

Бизнис форум за поголема економска соработка меѓу Македонија и Тајван
-

Уапсени инспектори на УЈП од Штип и Струмица поврзани со работата на „Пулс“
-

Генералниот секретар Чучуљ доби најдобра оценка од сите кандидати за претседател на Антикорупциска
-

Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците
-

Имињата на новите министри за празните позиции ќе бидат познати следната недела
-

Премиерот Мицкоски најави анонимни телефонски линии за пријавување мито во здравството
