Бараат 12 луѓе и нудат плата од 2.500 евра за една година да го прошетате светот: Рокот за пријавување истекува
Проектот "Светско животно искуство" (WLE) бара 12 луѓе кои се подготвени да ги споделат своите искуства од патувања и на тој начин да се промвира важноста на општествената одговорност. На нивната веб-страница беше објавено дека месечната плата ќе изнесува 2.500 евра, а дека лицата кои ќе бидат избрани ќе мора да патуваат низ светот една година. Сите останати трошоци ќе им бидат покриени од овој проект.
Планирано е шест мажи и шест жени на возраст од 20 и 35 години, да посетат 40 земји во Европа, Азија, Африка, Америка и Океанија.
Учесниците треба да патуваат во групи и да ги споделат своите искуства за секоја земја низ белешки и визуелна содржина на сајтот "WLE" и на социјалните мрежи.
Според описот на понудата, главни активности на кои учесниците ќе треба да се сконцентрираат се културата, забавата и општествената одговорност.
Главна цел е да се поттикне "општествена одговорност со директни донации од глобални невладини организации" и работа со локални субјекти.
За да се регистрирате морате да го пополните формуларот на нивната веб-страница до 30. јуни.
Групата на учесници која ќе биде избрана првото свое патување ќе го започне во Лисабон, Португалија на 15. септеври 2017 година.
Ново на Сител
-
САД водат разговори со Хамас и ја повикаа групата да ги ослободи заложниците
-
Израелска армија: Цивилите да се евакуираат од градот Газа кон југ
-
Сончево и топло со температури до 36 степени
-
Украинско МО: Моментално на територијата на Украина има околу 700.000 руски војници
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица до еден час
-
Вучиќ: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава ќе биде процесуиран
-
Трамп потпиша наредба за преименување на Министерството за одбрана во Министерство за војна
-
Ново Грен слем финале Синер – Алкараз