ОН бара Британија да го прогласи за незаконско тепањето на децата од страна за родителите

Комитетот за човекови права на ОН во својот последен извештај бара од Владата на Велика Британија да донесе закон со кој ќе им се забрани на родителите да ги тепаат своите деца и надвор и дома.
Во извештајот се вели дека Велика Британија „треба да му стави крај“ на ваквиот начин за казнување на децата и да ги охрабри родителите да применуваат „ненасилна форма за дисциплинирање“.
Сегашните британски закони дозволуваат „разумно казнување“ на децата од страна на родителите, за да може да го контролираат нивното однесување.
Владата во Лондон ја отфрли ваквата сугестија на ОН, а нејзниот портпарол кусо објасни дека Кабинетот „не сака да ги казнува родителите за секоја, како што рече, „умерена шлаканица или за секое удрирање на децата по задникот“.
Комитетот на ОН, во извештајот, ги критикува и британските антитерористички закони, забележувајќи дека безбедносните сили и полицијата во Велика Британија имаат преголеми овластувања.
Комитетот за човекови права смета дека британските власти треба да го ограничат притворот за дела поврзани за тероризам на само 14 дена, како и да ја зголемат возраста на осомничените за покренување кривична одговорност,
Претставник на британскиот Хоум Офис не ги коментираше препораките на ОН, освен што рече дека Велика Британија одржува „правен баланс“ меѓу антитерористичките закони и почитувањето на одредбите на Европскиот суд за човекови права.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
