Бангладеш го отвори првиот склад за храна што струја добива од сончева енергија
Премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина Вазед во северниот дел на земјата го отвори првиот склад за храна, што струја добива од сончевата енергија, а чиј капацитет е 25. 000 тони зрнести плодоци, пренесоа британските медиуми.
Модерниот, неколкукатен склад, е изграден со финансиска и техничка подддршка на Јапонија.
Во оваа земја, во која често пати доаѓа до природни несреќи, складовите за храна имаат исклучително значење за да се обезбеди производството од поплави и други штети.
Бангладеш е четвртиот по големина производител на ориз, но речиси целото негово производство е неменето за локалното население, кое брои 160 милиони лица. Земјата често пати има потреба од увоз за да се справи со недостигот, а кој најчесто се должи на природните несреќи, како поплавите или сушите.
Бангладеш годишно увезува околу 4,5 милиони тони пченица за да ги покрие своите растечки потреби, додека локалното производство стагнира на ниво од околу еден милион тона.
Ново на Сител
-
Муртезани: Очекувам да расте бројот на пратеници
-
Мицкоски: Жалам за одлуката на Таравари
-
Прв состанок на националниот консултативен механизам за Реформската агенда
-
Струмица со план против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата
-
Тема на денот со Весна Мојсова-Чепишевска