-->
-->
Бане продолжува во Челзи
-->
Дефанзивецот на Челзи, Бранислав Ивановиќ го продолжи договорот со клубот на уште 12 месеци, со опција истиот да биде продолжен за уште една година. Според англиските медиуми, Ивановиќ ќе има неделна плата од 120.000 фунти.
Актуелниот договор на Ивановиќ истекуваше на крајот од сезоната, Челзи согласно клупската политика, која вели дека играчи кои имаат напонето 30 години можат да добијат само едногодишен договор, а дефанзивецот решил да ја прифати понудата.
Медиумите изминатите месеци шпекулираа дека интерес за Ивановиќ има кај Милан, Зенит и Манчестер Сити.
Поранешниот играч на ОФК Белград и Локомотив Москва, во Лондон пристигна во 2006 година, со Челзи освои две титули во Премиерлигата, по една во Лигата на шампионите и Лига Европа, односно по три трофеи во Комјунити Шилд, Фа купот и Лига купот.
Ивановиќ има одиграно 318 натпревари во синиот дрес и има постигнато 32 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Даути: Изгласаната интерпелација според заклучокот значи мое разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
Германија пријави нелегални летови со дронови над воената база
-
За една година патувањето со авион во Грција поскапо за 47,7 отсто
-
Иниго Мартинез се повреди во финалето на Суперкупот
-
Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда за уништувањето на опремата за прислушување
-
Забрана за движење на камиони на планинскиот превој Плетвар