Свет
16. јуни 2016 - 13:26

Бан: Треба да се зајакнат врските, а не да се градат ѕидови

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави денеска дека Европа се движи во погрешна насока и треба да се јакнат нови врски, а не да се градат нови ѕидови.

– Гледам раздвојување меѓу држави и правење нови ѕидови. Историјата не учи дека Европа не се движи во вистинска насока. Треба да се зајакнат врските и да асе градат мостови наместо ѕидови, изјави Бан на отворање на Петербуршкиот меѓународен економски форум.

Тој додаде дека ОН се благодарни на руското раководство за поддршката на Парискиот договор за климата.

– Треба да се обезбеди тој Договор да се ратификува и да стапи на сила ако е можно до крајот на годината, нагласи Бан.