Бан со осуда за терористичкиот напад во Истанбул
Генералниот серкетар на ОН Бан Ки-мун го осуди нападот во Истанбул и во писмена изјава изрази надеж дека виновниците за „тоа одвратно насилство“ ќе бидат изведени пред суд со почитување на правата на човекот.
Во самоубиствен напад во Истанбул вчера беа убиени четворица странски туристи – Израелци и еден Иранец, а 36 луѓе беа ранети меѓу кои и граѓани на Израел, Германија, Исланд, Ирска.
Во Вашингтон, претставник на Белата куќа потврди дека се убиени двајца американски граѓани за кои подоцна израелски дипломат во Истанбул рече дека двете жртви имале двојно државјанство.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.
Според турски медиуми, напаѓачот е идентификуван како Саваш Јилдиз, 33-годишен кој бил член на исламска држава. Властите не ја потврдија информацијата. Сојузот на заедници на Курдистан се дистанцира од какви било напади врз цивили, јавуваат турски медиуми.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии