Бан повика на смирување на тензиите по соборувањето на рускиот авион
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун се заложи за преземање итни мерки кои ќе ја смират напнатоста, откако Турција го собори рускиот авион на границата на Турција со Срија.
Бан наведе дека „кредибилна и детална истрага“ за инцидентот би помогнала да се разјасни она што се случи и би спречила такво нешто да се повтори.
Генералниот секретар на ОН потенцира дека „загриженоста за тие работи“ ја истакнува потребата за пронаоѓање на политичко решение за окончување на речиси петгодишната војна во Сирија во која животите ги изгубија околу 250.000 луѓе.
Турција во вторникот собори руски авион на границата со Сирија бидејќи, како што тврди турската војска, го нарушил воздушниот простор на Турција иако неколкупати е предупреден, додека руското Министерство за одбрана ги одбива тврдењата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар