Бан повика на смирување на тензиите по соборувањето на рускиот авион
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун се заложи за преземање итни мерки кои ќе ја смират напнатоста, откако Турција го собори рускиот авион на границата на Турција со Срија.
Бан наведе дека „кредибилна и детална истрага“ за инцидентот би помогнала да се разјасни она што се случи и би спречила такво нешто да се повтори.
Генералниот секретар на ОН потенцира дека „загриженоста за тие работи“ ја истакнува потребата за пронаоѓање на политичко решение за окончување на речиси петгодишната војна во Сирија во која животите ги изгубија околу 250.000 луѓе.
Турција во вторникот собори руски авион на границата со Сирија бидејќи, како што тврди турската војска, го нарушил воздушниот простор на Турција иако неколкупати е предупреден, додека руското Министерство за одбрана ги одбива тврдењата.
Ново на Сител
-
Макрон: Нов премиер и влада по завршувањето на Олимписките игри
-
САД организираат разговори за ставање крај на конфликтот во Судан
-
Променливо облачно, попладне на повеќе места пороен дожд и грмежи
-
На ГП „Богородица“ се чека околу 45 минути
-
Пандов: Прекин ќе му биде издаден на секој затвореник кој ќе достави медицинска документација потпишана од специјалист
-
Полициските хеликоптери исфрлиле над 148 тони вода врз пожарите кај Старо Нагоричане и Брезница | ФОТО
-
Укинувањето на економските директори во болниците поддржано од сите пратеници, законот оди во второ читање
-
Деветнаесетгодишно момче починало од струен удар