-->
-->
Бан Ки-мун повика на примирје ширум светот за време на ОИ во Бразил
-->
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ги повика денеска сите завојувани страни во светот да прогласат примирје и да го положат оружјето за време на Олимписките игри во Бразил.
Тој истакна дека Меѓународниот олимписки комитет и ОН имаат блиска соработка во врска со „глобалниот мир и хармонија“.
- Им честитам на сите спортисти и навивачи кои во следните недели ќе ги исполнат спортските сали во Рио. Олимписките и Параолимписките игри го слават најдоброто од човештвото, изјави Бан.
Генералното собрание на ОН, во кое членуваат 193 земји, од 1993 година усвојува резолуции, со кои се бара за време на Олимписките игри да се применува прекин на огнот.
Летните Олимписки игри во Рио де Женеиро ќе се одржат од 5 до 21 август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајна несреќа во БиХ - Четири лица загинаа откако автомобил излета во река
-
Мицкоски: Навреме реализиран проектот бесплатни учебници
-
Лицата со попреченост излегуваат на протест во вторник
-
Десетици ракети лансирани од Либан кон северен Израел
-
Приведен дилер за издржување затворска казна од 18 месеци
-
Приведен криминалец осуден на три години и шест месеци казна затвор
-
Османи: Како што Србија изгуби во Косово, Русија ќе изгубат и во Украина
-
МЕ: Почнува издавањето Гаранции за потекло на енергија од обновливи извори