Бан Ки-мун оваа недела ќе ја посети Северна Кореја
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун ќе ја посети оваа недела Северна Кореја, јавија јужнокорејските медиуми.
Бан Ки-мун, кој е Јужнокореец, планираше да ја посети Корејската Народнодемократска Република претходно оваа година, но Пјонгјанг го повлече одобрението за негоавата посета во последен момент, без да даде појаснување.
- Генералниот секретар сигурно ќе се сретне со лидерот на Северна Кореја за време на посетата, изјави за агенцијата Јонхап извор од ОН, кој побарал анонимност. Тој не посочи за кој ден е планирано патувањето.
Северна Кореја е предмет на тешки санкции на ОН, САД и Европската унија поради нејзината нуклеарна програма. Генералното собрание на ОН во декември минатата година го повика Советот за безбедност да ја изведе Северна Кореја пред Меѓународниот казнен суд по истрагата на ОН, која откри дека во таа земја се вршат злоупотреби на правата на луѓето, еднакви на ѕверствата од нацистичко време.
Претходно Северна Кореја ја имаат посетено двајца генерални секретари на ОН, Курт Валдхајм во 1979 година и 1981 и Бутрос Бутрос Гали во 1993 година.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
-
Хуманитарен пикник на „Алкалоид” - собрани над 1,8 милиони денари кои одат за Црвен Крст
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува