-->
-->
Балотели се враќа во Серија А
-->
Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели е пред нов трансфер јавуваат италијанските медиуми.
Како што пишува „Кориере дело Спорт“, екипата на Наполи сака во своите редови да го доведе Балотели.
27-годишниот напаѓач е во одлична форма па досега во француската Лига 1 постигна 10 гола за Ница, екипа во која дојде од Ливерпул летото 2016 година, а за која досега има одиграно вкупно 49 натпревари и постигнато 33 голови.
„Го сакам Наполи и Неаполитанците. Секогаш ми е жал кога мора да играм против овој тим“, изјави Балотели изминатото лето при неговиот престој во Неапол, кога Наполи и Ница играа во плејофот за Лигата на шампионите.
Договотот на популарниот „Супер Марио“ со францускиот тим истекува во јуни, а Марио во моментов не размислува да го продолжи, потенцира италијанскиот весник.
Според „Кориере дело Спорт“, токму Наполи е најсериозниот кандидат за ангажман на Балотели, а можно е и потпишување на преддоговори уште во текот на месецов.
Пред да замине на Франција, Балотели на островот покрај дресот на Ливерпул го носеше и оној на Манчестер Сити, а во Серија А, настапуваше за двата миланските ривали Интер и Милан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата најавува системско решение за Ѓавато и Дојранското Езеро
-
Дали Стоматолошката комора работела незаконски ќе испитува Обвинителството
-
Онколошки пациенти реагираат за партиципацијата на „анастрозол“ и „летрасан“
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?