Живот
28. November 2018 - 12:46

Балканските ѕвезди се простуваат со Горан Стефановски

Македонскиот драматург и сценарист Горан Стефановски почина вчера во Лондон на 66 години.

Помеѓу најемотивните пораки беше и онаа која ја остави познатиот српски глумец, режисер и продуцент Светозар Цветковиќ:

- Нашата младост, нашиот свет на умот, нашиот театар и љубов во него, нашето Диво месо, Тетовирани души, нашиот Одисеј, нашиот постар брат на Влатко, нашиот Горан С... Си отиде.

Сергеј Трифуновиќ на својот Твитер профил напиша:

- „Хи Фи“, „Диво месо“, „Лет во Место“, Црна Дупка“... многу не инспирираше и одигра голема улога во моето формирање на сцената. Голем драматург.

Босанско - херцеговинскиот филмски и драмски режисер Дино Мустафиќ беше еден со кого соработуваше покојниот Стефановски.

- Драмите на Горан се мои балкански кров под кои се радост и гнев, инает и нежност, лудило и страст, хумор и солзи. Ќе ми недостасуваш многу драг мој пријателу, затоа што многу ветивме дека ќе направиме заедно!

Стефановски е автор на повеќе од 30 драми, меѓу кои се „Диво месо“, „Лет во место“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, и е добиетник на „Стериина награда“ двапати. 

Освен за театар, пишуваше и телевизиски и филмски сценарија. Неговите дела се преведени на повеќе јазика, објавени во повеќе земји.