Балкан
7. September 2015 - 11:14

Балканска свадба се претвори во трагедија: Брат си го уби братот кога тргнале по невестата!

Во селото Крајк во општината Призрен пред неколку дена се случила голема трагедија на една свадба. Наводбо, братот го убил својот брат. Во овој инцидент повредени биле уште три лица.
 
Се сомнева дека повод за злочинот било несогласувањето помеѓу браќата. Инаку, двајца браќа се договориле автомобилите со кои требало да идат по невестата да бидат паркирани во нивната заедничка парцела, меѓутоа третиот брат тоа не го дозволил.
 
- Се претпоставува дека трагедијата се случила поради паркираните возила на заедничкиот имот на тројцата браќа. Во оваа трагедија еддно лице е убиено, четворица се повредени, изјавил за РТК Весел Гаши.
 
Трагедијата се случила во моментот кога сватовите тргнале по невестата.