Балканот завеан во снег

Снегот кој повеќе од 24 часа паѓа на територијата на речиси целиот Балкан, предизвикува проблеми во сообраќајот и застои на повеќе патни правци.
Во поголемиот дел од Србија во сила е црвен метео аларм, поради очекуваните нов снежни врнежи, пред се во јужните, централните и западните делови на земјата.
Формираната снежна покривка е со дебелина меѓу 15 и 30 сентиметри, а наместа достигнува и до 40 сантиметри, што предизвикува проблеми во одвивањето на сообраќајот, псобно во планинските подрачја.
Поради големите снежни наноси неколку патни правци во запдниот дел на Босна и Херцеговина се целосно затворени за сообраќај, а на повеќе други е воведена забрана за движење на товарни возила.
Босанските медиуми наведуваат дека во југозападна БиХ се регистирани силни ветрови, кои го разнесуваат снегот и создаваат наноси на патиштата.
Во Хрватска, пак, поради силниот ветер забранет е сообраќај за камиони со приколки на патините правци од континенталниот дел на земјата кон Далмација, како и на дел од автопатот Загреб-Риека.
Поради силниот ветер, целосно е во прекин сообраќајот на една делница од автопатот А1, што го поврзува Загреб со Далмација, како и на неколку места долж Јадранската магистала.
Ново на Сител
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
