Балканот осамна во бело, еве каде денеска заврна снег

На Сљеме, планинаната над Загреб, од утрово паѓа слаб снег кој го забели тлото, а слаби врнежи се очекува и во Загреб во ноќта меѓу среда и четврток.
Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод во Славонија, температурата во Пожега се спуштила на 2 степени.
Снег, според ДХМЗ би можел да паѓа во среда или четврток и во Нашице, Дарувар, Вараждин. Но со оглед на дневните температури кои ќе одат до 10 степени, не би требало да се задржи, пишуваат хрватските медиуми.
Метоеролозита најавуваат и повремен дожд и снег на повисоките места во Хрватска. Ќе дува умерен и силен ветер и температурите ќе паѓаат. Посебно ладно ќе биде пред викендот, кога ноќта и утрото би можело да биде околу нулата.
Поради ниските температури и можниот снег на возачите им се советува внимателно возење.
Ново на Сител
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
