Како што изјавиле сведоците во еден момент забележале две момчиња како се вртат околу неа, но брзо си заминале. По дваесетина минути тие се вратиле и ја избоделе Џоди од грб и побегнале. Девојката починал во болница од здобиените повреди.
Освен Мануел Петровиќ уапси уште едно момче. Иако полицијата не соопшти чиј државјанин е Мануел според презимето очигледно е дека има корени од Балканот.
Таткото на трагично настраданото девојче, Питер, како и нејзината сестра Луси, рекоа дека Џоди била одлична девојка која многу учела, како и дека секогаш водела сметка секаде да стигне на време.
„Не можеме да се помириме со тоа дека ја изгубивме. Се уште чекаме да се врати дома“, вели нејзината сестра.
Мотивот за ова ужасно злосторство се уште не е познат, а истрагата е во тек.