-->
-->
Бали Бег и Неџла го покажаа синчето на Инстаграм
-->
Популарната турска двојка, Бурак Озчивит и неговата сопруга Фахрие Евџен, станаа родители. Фехрие, или позната по улогата на Неџла, се породила во саботата во 13:30 часот. Тежок 3.670 грама, а долг 52 сантиметри, синот го доби името Каран.
Бали Бег присуствувал на породувањето и не можел да ги сокрие солзите, пишуваат медиумите.
Актерката се породи порано од предвидениот термин кој бил на 20 април.

Актерите на својот син му направија профил на „Инстаграм“ уште пред да се роди, како што кажаа, за да не се создаваат лажни профили откако ќе се роди. Тогаш неродениот Каран веднаш доби повеќе од 100 илјади следачи.
Каран доби и своја сметка во банка, уште пред да дојде на овој свет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
