Бала: Бериша набрзо ќе биде прогласен за „персона нон грата“ во ЕУ
Генералниот секретар и координатор на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија, Таулант Бала изјави дека поранешниот претседател и премиер Сали Бериша набрзо ќе биде прогласен за непожелна личност во Европска Унија.
Бала рече дека е поднесена иницијатива во Европскиот парламент со која се бара „лицата кои САД ги прогласија за ’персона нон грата‘ да ја имаат истата судбина во земјите-членки на ЕУ“. Тој додаде дека според негова процена, такво нешто нема да потрае долго и оти такво нешто може да се случи наскоро.
Седумдесет и осумгодишниот Бериша, кој сега го предводи побројното крило на опозициските демократи, беше прогласен за „персона нон грата“ од САД на 19 мај 2021 година за коруптивни дела кои ја поткопуваат демократијата во Албанија, додека на 22 јули годинава истото го направи и Велика Британија.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп