Бакарни сигнални кабли синоќа биле украдени на пругата Велес - Градско
Полициска екипа од СВР Велес синоќа во Градско привеле двајца прилепчани, 41 годишниот Д.И. и 33 годишниот Н.А., поради постоење на сомнение дека уништиле и оштетиле јавна инсталација на Македонски Железници Инфраструктира на железничка пруга Велес- Градско, во близина на фабрика ХИВ. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, информира попладнево Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Од Македонски Железници информираа дека кражбата синоќа била веднаш регистрирана во нивниот диспечерски центар, а на самото место се упатиле двајца вработени од Гевгелија, кои кога стигнале таму забележале како возило бега од локацијата. Вработените веднаш ја известиле полицијата, која двајцата крадци со украдениот бакарен кабел за сигнализација во нивното возило ги фатила во Градско и ги привела.
Поради кражбата додека траела замената на сигнални кабли на пругата кај Згрополци, возовите на релација Велес –Градско синоќа и утрово биле со малку забавено движење. Така возот од Гевгелија преку Градско во Велес утрово задоцнил 25 минути, ни потврдија за МИА, од Железничката станица во Велес
Ново на Сител
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Имплементација на проектот ,,Зајакнување на младите преку нови можности 2"
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата