Бајден: Заканата на Путин за користење тактичко нуклеарно оружје е реална
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека заканата на рускиот претседател Владимир Путин за користење тактичко нуклеарно оружје е реална, неколку дена откако тој го осуди руското распоредување на такво оружје во Белорусија.
Најавата на Путин дека Русија го распоредила своето прво тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, Бајден во саботата ја нарече „апсолутно неодговорна“.
„Кога бев тука пред околу две години и реков дека сум загрижен поради пресушувањето на реката Колорадо, сите ме гледаа како да сум луд. Тие ме погледнаа како кога реков дека сум загрижен поради тоа што Путин користи тактичко нуклеарно оружје. Тоа е реално, рече Бајден пред група донатори во Калифорнија.
Минатата недела, белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека неговата земја почнала да презема руско тактичко нуклеарно оружје, дел од кое, според него, било три пати помоќно од атомските бомби фрлени од САД на Хирошима и Нагасаки во 1945 година.
Ново на Сител
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука