Бајден за Нетанјаху: Ми прави проблем

Напнатоста во односите меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не се намалува поради односот на Нетанјаху кон војната во Газа.
Според извори на Ен-Би-Си, Бајден наводно три пати употребил остар и навредлив термин за лидерот на сојузничката земја. Од нападот на палестинскиот Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и почетокот на војната во Газа, Бајден се обиде да го убеди Израел да ја промени својата воена стратегија, но Нетанјаху се зарече дека ќе води војна додека Израел не „постигне целосна победа“ и не „го уништи Хамас”.
„Тој едноставно чувствува дека е доволно, дека тоа (во Газа) мора да престане. Бајден рече дека се обидува да го натера Израел да се согласи на прекин на огнот, но Нетанјаху „му прави проблем“ и дека е невозможно да се справи со него, рекоа анонимни претставници запознаени со ставовите на Бајден
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
