Бајден: Средната класа загрозена поради технолошките промени
Американскио потпретседател Џо Бајден го критикувапе денеска краткорочното гледиште на модерните корпорации и ги повика извршните директори кои учествуваат на Светскиот економски форум во Давос да се грижат за своите работници, како и за своите акционери.
- Мојот повик на акција тука е едноставен, прифатете ги своите обврски кон работниците, како и кој своите акционери, рече Бајден, критикувајќи го неодамнешниот тренд на компаниите да им вратат големи суми пари на инвеститорите со откуп на акции, наместо да инвестираат во иднината.
Бајден на делегатите на Форумот им порача дека средната класа, која е столб на економијата и демократијата сега се соочува со закани поради технолошките промени.
Голем број експерти стравуваат дека следната рунда технолошки иновации, т.н. четврта индустриска револуција, која ги опфаќа роботиката и вештачката интелегенција, ќе уништи милиони работни места, особено во секторите на производството и услугите со средни примања.
- Кога средната класа напредува на богатите им оди мошне добро, а сиромашните имаат можност за напредок, додаде Бајден.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори