Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки по смртоносни торнада
– Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки, откако во петокот серија смртоносни торнада ја погодија сојузната држава, изјави претставник на администрацијата. Таквата одлука го отвора патот за дополнителна федерална помош.
Донесување таква одлука вчера официјално побара гувернерот на Кентаки, Енди Бешер.
Гувернерот оцени дека торнадата се најразорните во историјата на државата, наведувајќи дека се уништени и најцврстите згради.
Спасувачките служби во Кентаки вчера ги пребараа урнатините во потрага по преживеани, а властите стравуваат дека повеќе од сто луѓе загинале и предупредуваат дека има мала надеж да се најдат уште преживеани по разорните торнада кои однесоа животи во најмалку пет држави. Најголема штета претрпе гратчето Мејфилд во југозападниот дел на Кентаки, каде живеат 10.000 луѓе – куќи срамнети со земја или оставени без покрив, откорнати огромни дрвја, уништена фабрика, пожарна и полициска станица.
Ново на Сител
-
Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините
-
Тричковски стави крај на својата играчка кариера
-
Напаѓачот на Нотингем Форест ставен во медицински индуцирана кома
-
Конституиран новиот Управен одбор на КФСМ, Ѓуроски нов потпретседател
-
Винисиус сакал 30 милиони нето плата по сезона за да го продолжи договорот со Реал Мадрид
-
Дефанзивец на Тотенхем во трансфер плановите на Реал Мадрид
-
Анчелоти: Се што е убаво има крај
-
Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици