Бајден предупреди на лажниот популизам што се шири на американскиот и европскиот континент
Американскиот претседател Џо Бајден, денеска, на почетокот на самитот со лидерите на Европската унија, предупреди на „лажниот популизам“ што се шири на американскиот и европскиот континент.
-Ние сме средината од застрашувачката убавина што се роди, кажа тој, цитирајќи го ирскиот писател Вилијам Батлер Јетс, пренесе Си-Ен-Ен.
Станува збор за, како што вели, големата промена во технологијата и големата промена во развојот во светот.
-Тоа предизвикува голема вознемиреност во нашите земји, додаде американскиот претседател, кој седна на големата тркалезна маса, заедно со европски претставници и членови на американската Влада.
Бајден изјави дека економските и технолошките промени предизвикаа политичка нестабилност што доведе до несреќни исходи.
-Тоа ги тера некои луѓе, кои се нешто како шарлатани, да се обидат да имаат корист од овие проблеми, додаде тој. „Тоа го гледаме во Европа и САД, го гледаме низ целиот свет – лажен популизам. Ми се чини дека најдобриот одговор за решавање на овие промени е доколку имаме околности во кои растат нашите економии и доколку тие растат заедно“, порача американскиот претседател.
Бајден додаде дека сака да ги реши овие прашања за време на тековните разговори со европските лидери, еден ден пред неговото патување во Женева на средбата со рускиот претседател Владимир Путин.
-Европа е нашиот природен партнер, а причината е што за тоа е што ние сме посветени на истите демократски норми, и тие се се повеќе на удар, заклучи американскиот претседател.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО
-
Гаши денеска стабилен
-
Приведени двајца скопјани, агресивно се однесувале кон вработените во Градската општа болница „8 Септември“
-
Повеќе од 24 часа исчезната е прилепчанката Билјана, семејството моли за помош | ФОТО
-
Сијарто: Пристапувањето на Украина во ЕУ нема да ја зајакне Украина, туку ќе ја доведе Унијата во војна
-
Поранешен чувар во амбасадата на САД во Осло обвинет за шпионажа за Русија и Иран
-
Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност против фаворизираниот противник
-
Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник на Скопје