Бајден најави разговори со Путин и Зеленски за смирување на тензиите меѓу двете земји
– Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека најверојатно ќе разговара со својот руски и украински колега во обид да ги смири тензиите меѓу двете земји, во време кога Русија е обвинета за акумулација на сили на нивната заедничка граница.
На прашањето на новинарите дали ќе разговара со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, американскиот претседател одговори „многу веројатно“ и додаде дека е „загрижен“. Бајден, кој се наоѓа во Нантакет, во сојузната држава Масачусетс, ја повтори својата поддршка за „територијалниот интегритет“ на Украина. Претходно Белата куќа повика на континуирани дипломатски напори за смирување на тензиите меѓу Русија и Украина.
Советникот за национална безбедност на Бајден, Џејк Саливан, разговараше со украинскиот колега Андриј Јермак и двајцата се согласиле дека сите страни треба да продолжат со дипломатските напори за смирување на тензиите, изјави неименуван портпарол. Во последните неколку недели, САД, НАТО и Европската унија постојано изразуваат загриженост поради движењето на руските сили на украинската граница, пред се загрижени од можната инвазија на земјата.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево
-
„Топката е кај вас, ЕУ е подготвена“, вели Фон дер Лајен по средбите со Мицкоски, Сиљановска-Давкова и Гаши
-
Тема на денот со кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски(ЗНАМ)
-
Урсула Фон дер Лајен на средби со македонскиот државен врв
-
Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си
-
Власта цврсто дека нема предвремени избори, СДСМ вели: Знаат дека губат гласови
-
Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица за политичкото рекламирање
-
Проекти и ветувања на кандидатите за град Скопје