Бајден: На белиот супрематизам не му е местото во Америка
Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изрази сочувство по повод пукањето во Џексонвил, Флорида во кое беа убиени три лица, изјавувајќи дека „омразата не смее да има безбедно прибежиште“ во Соединетите Држави.
Во пукањето во продавница Долар џенерал во Џексонвил, при што загинаа двајца мажи и една жена, властите изјавија дека белец на возраст од 29 години стрелал во црномурести жртви. Тој претходно возел до универзитетот „Едвард Ватерс“, прв афроамерикански универзитет во историјата на Флорида, а потоа дошол во продавницата, изјавија властите и официјални лица од универзитетот.
- Додека продолжуваме да трагаме по одговори мораме јасно и силно да кажеме дека на белиот супрематизам не му е местото во Америка, вели Бајден во соопштение синоќа.
Пукањето се случи на 60 – годишнината од Маршот на Вашингтон, една од најважните демонстрации за човекови права во 20-от век.
- Треба да отфрлиме да живееме во земја каде семејствата на црномурестите кога одат во продавница или црномурестите студенти кога одат на школо живеат во страв да не е бидат застрелани поради бојата на нивната кожа, рече Бајден, додавајќи дека „молчењето е соучество и не смееме да молчиме“.
Генералниот обвинител Мерик Гарланд вчера потврди дека Министерството за правда „го истражува овој напад како основан на омраза и чин на расно мотивиран насилен екстремизам“.
- Никој во земјава не треба да живее во страв од насилство разгорено од омраза, и ниту едно семејство не треба да ја оплакува загубата на блискиот причинета од нетрпеливост и омраза, изјави тој.
Полицијата вчера го идентификуваше напаѓачот, кој се самоубил. Тој носел автоматска пушка и пиштол со свастики.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата