Бајден ја осуди одлуката на Врховниот суд за забрана на абортусот во Тексас
Американскиот претседател Џо Бајден денеска го осуди одбивањето на Врховниот суд на САД да го блокира новиот закон за абортус во Тексас, што, како што рече, „претставува невиден напад врз уставните права на жените“.
„Одлуката предизвикува неуставен хаос и го навредува владеењето на правото“, се наведува во неговата писмена изјава.
Тој вети „итен одговор“ од неговата влада и повика на пронаоѓање „мерки за да им се гарантира на жените од Тексас пристап до безбедни и легални абортуси“ и да се заштитат клиниките и лекарите од можни тужби.
– Законот е толку екстремен што дури и не предвидува исклучок во случај на силување или инцест, истакна Бајден.
Тој додаде дека „највисокиот суд на земјата ќе остави милиони жени во Тексас да страдаат додека судовите постапуваат по сложени процедури“.
Во Тексас е донесен закон според кој се забрануваат абортуси по шестата недела од бременоста.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, се очекуваше Врховниот суд на САД да одговори со блокирање на овој закон, по итниот поднесок од страна на клиниките провајдери на оваа услуга, но тоа не се случи.
Законот, познат и како „Сенатски бил 8“, речиси целосно го забранува абортусот во Тексас и не прави никакви исклучоци дури и за бременост предизвикана од инцест или силување, што е случај во некои сојузни држави раководени од републиканци.
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат