Бајден и Шолц ветија постојана поддршка за Украина
Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц ја потврдија својата посветеност да ја поддржат Украина, јави ДПА. Агенцијата забележува дека двајцата, кои се меѓу најблиските сојузници на Киев, разговарале за војната за време на приватна средба во Белата куќа.
Тоа беше втора посета на германскиот канцелар Шолц на Белата куќа во речиси 15 месеци откако ја презеде функцијата. Тој првпат беше во Вашингтон на почетокот на февруари минатата година, кога централна улога имаше и темата Украина.
Во кусото соопштение објавено по разговорите, Белата куќа наведува дека Бајден и Шолц зборувале за „континуираните напори за обезбедување сигурност, хуманитарна, економска и политичка помош за Украина и важноста да се поддржи глобалната солидарност со народот на Украина“, како и за други глобални прашања.
Заедничката поддршка за Украина во изминатата година беше од решавачко значење, рече Шолц за време на кратката средба со претставниците на медиумите пред разговорите.
Ново на Сител
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон
-
Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон
-
Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин