Свет
12. March 2021 - 9:05

Бајден го потпиша нацрт законот за помош на американската економија поради пандемијата

Претседателот на САД Џо Бајден денеска го потпиша нацрт законот за пакетот помош за американската економија во висина од 1.9 трилиони долари, наречен и „План за спас на Америка“.

На церемонијата на потпишувањето присуствуваше и потпретседателот Камала Харис.

Вчера, Претставничкиот дом ја изгласа финалната верзија на законскиот проект, откако Сенатот изврши ревизија со повеќе поправки.

Претходно се соопшти дека претседателот планира да го потпише нацрт законот во петок, но сепак тоа се случи ден порано. Набљудувачите сметаат дека советниците и претседателот се свесни дека Американците со ниски и средни примања очајно ги очекуваат и овие, последни директни исплати, па затоа решението да се дејствува брзо.

Законот се смета за голема политичка победа на Бајден,

-Овој историски закон е за обнова на р’бетот на земјава и давање шанса за борба на луѓето, работните луѓе, средната класа народ, оние кои ја градат оваа земја, изјави тој на потпишувањето.

Рон Клјан, шеф на кабинетот на претседателот, истакна дека иако потпишувњето се случува ден порано, „ние ќе го одбележиме со прослава во петок, како што е плнирано, со конгресните лидери“, јави Њујорк тајмс.

Потоа, Администрацијаа планира турнеја низ земјата во американската провинција, во обид да ја претстави и објасни иницијативата. Од Белата куќа соопштија дека Бајден во вторник ќе ја посети Пенсилванија, а потпретседателката Харис заминува на запад, каде во понеделник вторник ќе направи запирања и средби во Калифорнија, Колорадо и Невада.