Бајден го критикува Трамп поради намалување на сериозноста на Ковид-19

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден го критикуваше актуелниот шеф на државата Доналд Трамп поради обидот да ја намали сериозноста на последиците од новиот коронавирус, два часа по неговото враќање во Белата куќа, откако три дена помина во болница поради Ковид-19.
– Се надевам дека претседателот, имајќи предвид низ што помина, а мило ми е што изгледа дека закрепнува многу добро, ќе му пренесе вистинска порака на американскиот народ: маските се важни, истакна Бајден.
Бајден, кој го употреби одговорот на Трамп за пандемијата како централна тема во својата кампања, се фокусира на неподготвеноста на актуелниот претседател да носи заштитна маска.
Тој повторно го критикуваше ваквото однесување на Доналд Трамп.
– Каков е тој мачо однос – нема да носам маска. Бидете патриоти, ви се молам, истакна Бајден.
Меѓутоа, во видео снимката која е објавена веднаш по отпуштањето од болница, Трамп ги повика Американците слободно да излезат и да не се плашат од вирусот.
Трамп ја напушти болницата со маска на лицето, но ја извади веднаш по влегувањето во Белата куќа.
Трамп е отпуштен вчера од националниот воен центар „Валтер Рид“, откако лекарскиот тим соопшти дека немал зголемена температура во последните 72 часа, а нивото на кислорот во крвта му било нормално.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
